Гундоган: Подобро да примевме гол, отколку да останеме со играч помалку

ПСЖ синоќа ги фрли во очај навивачите на Барселона, откако го елиминираа каталонскиот клуб по победата на „Монжуик“ со 4-1. Клучен момент беше црвениот картон на Араухо во 29. минута при водство на Барселона, а тоа го искористи тимот од Париз и даде четири гола.

И додека тренерот Чави со остри стрели го нападна судијата, играчот од средниот ред Илкај Гундоган имаше сосема нормална реакција во овој пораз.

„Многу сум разочаран и ова е фрустрирачки. Имавме се во нашите раце, победа од првиот меч, реванш на домашен терен а потоа се прокоцкавме. За фаулот, ако го фаулирал, тогаш тоа е црвен картон. Не знам, не ја погледнав снимката. Тешко е да се каже. Во таквите клучни моменти мораш да биде сгиурен дека стигнуваш прв до топката. Подобро е да примевме гол, отколку што останавме со играч помалку. Можеби противничкиот играч немаше ни да стигне до топката, или не би ја решил ситуацијата со гол. Што се однесува до пеналот кој го барав, бев сопрен, имаше контакт, и тоа му го кажав и на судијата, а добив жолт картон. Точно е дека сме во период кога играме најдобро од почетокот на сезоната, но сите грешки во ЛШ се казнуваат, и тоа овојпат е на наша штета“, рече Гундоган.

Се вчитува...