Битола слави, Пелистер се врати во Прва лига

Екипата на Пелистер со 2:1 победи на гости кај Башкими, триумф кој значеше и сигурен пласман на битолчани во Прва лига за следната сезона. По 28 одиграни кола во Втора лига Пелистер сигурно ќе биде втор и заедно со лидерот Беса се клубовите кои од есеноска ќе играат во елитата.

Детонит Плачковица загуби на гости кај Охрид со 3:1, но тоа ќе биде тимот кој ќе заврши трет и ќе игра бараж за влез во Прва лига со 10-то пласираниот на табелата во елитното друштво од оваа сезона.

Неизвесно е и на дното на табелата каде грчевито за опстанок се борат Каменица Саса, Тетекс, Осогово и Победа Прилеп.

Резултати од 28 коло: Башкими – Пелистер 1:2, Беласица – Вардар Н. 0:0, Саса – Кожув 1:0, Новаци – Караорман 6:0, Охрид – Детонит 3:1, Осогово – Скопје 2:1, Победа – Арсими 0:3, Тетекс – Беса 0:7.

ТАБЕЛА

- Оглас -

Најнови вести