Утрински Весник
Свет

Папата патува во Венеција, планира и амбициозно патување во Азија

1714295669 Papa Francisk.jpg

Папата Франциск го обиколи светот во неговите 11 години на чело на Католичката црква, но поради поблеми со здравјето не патуваше од септември кога го посети францускиот град Марсеј.

Поради бронхитис, тој беше принуден да го откаже своето патување во Дубаи во декември, каде што требаше да се обрати на разговорите за климата во ОН.

Папата се повлече и од Велигденскиот настан во последен момент во март, откако неколку недели страдаше од она што Ватикан го нарече „благ грип“.

Првата станица на папата во Венеција е женскиот затвор на островот Џудека, каде ќеслета со хеликоптер и каде што се одржува изложба во рамките на овогодинешното Венециско биенале.

„Тоа ќе биде историски момент бидејќи тој ќе биде првиот папа што ќе го посети биеналето во Венеција“, рече главниот кустос на изложбата, Хозе Толентино де Мендонка.

Посетата „јасно ја покажува желбата на Црквата да консолидира плоден и близок дијалог со светот на уметноста и културата“.

По посетата на затворот, тој ќе се обрати и ќе се дружи со младите во базиликата Санта Марија дела Салуте, значајна црква на јужниот крај на Големиот канал.

Оттаму Папата ќе се упати кон плоштадот Св.Марко каде ќе ја водимисата која започнува во 11 часот.

Тој треба да ја напушти Венеција во 13 часот, откако ќе стане четвртиот папа што го посетил градот, по Павле VI. (1972), Јован Павле II. (1985) и Бенедикт XVI. (2011).

Венецијанската епархија е една од најголемите во Италија, со 125 парохии и е тесно поврзана со папството. Тројца венецијански патријарси станаа папи во 20 век.

Посетата на Френциск се случува истиот викенд кога Венеција воведува нов билет за еднодневни патници, за да го намали притисокот на туризмот на местото на светското наследство на УНЕСКО.

Тој како гостин ќе биде ослободен од купување на влезницата од пет евра, но верниците кои ќе дојдат на неговата миса и не живеат во Италија ќе мора да платат.

Папата, кој користи инвалидска количка, во последниве години има се поголеми здравствени проблеми, од болки во колената до кила и операција на дебелото црево.

И покрај неговото кревко здравје, Ватикан планира амбициозно патување во Азија во септември и посети на Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур во текот на 12 дена.

Пред тоа, Папата треба да направи уште две патувања во Италија, во Верона во мај и Трст во јули.

Можете да прочитате

Ердоган: Нетанјаху би го направил Хитлер љубоморен со неговите геноцидни методи

Силен земјотрес од 6,3 степени во Мексико

Гутереш повика на итен прекин на огнот и ослободување на заложниците