Зошто работниците од Непал и Бангладеш ги заменуваат вработените со 20 години стаж во конфекциите во Кочани и Прилеп?

Рабоници со стаж од 20 и 30 години добиваат откази од текстилни компнаии, а на нивно место се носат работници од Непал и Бангладеш. Ваквата пракса која се прошири изминатиот период во кочанска конфекција, сведочи за проблемите во текстилниот сектор. Работниците од неопределено време добиваат анкес договори на еден ден, со што остануваат и без работа. Претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева вели се додека работнниците потпишуваат тие и инспекторатот остануваат немоќни.

„Еве во Кочани како што кажав имавме договори на еден ден, однонсо работници од неопределено време ги тераат да потпишуваат договор на еден ден и така се „отарасуваат“ од нив. Во кочанска конфекција иако тоа изгледа се по Закон сепак во друга некоја држава да беше некој „дебело“ ќе одговараше. На работници со стаж од 20 до 30 години во фирма им беше даван анекс на договор од еден ден. За жал ниту инспекторатот, ниту ние можеме нешто да напарвиме.“ – вели Ампева.

„Подобро да се спречи, него да се лечи“ – Ампева стравува дека со работниците од Непал, па и Бангладеш ќе се намали квалитетот на македонското производство, оти голем дел од тие работници немаат познавање во обласата на текстилот.

„Знаете, зошто е подобро? Заради тоа што ќе биде потешко да се дојде до контакт до тие луѓе. Моментално знам дека во Кочани и во Прилеп се случува оваа пракса. Ќе ја следиме состојбата бидејќи се работи за скорашни ангажирања. Добар дел од тие од Непал немаат познавање за текстилот, за тазлика од тие од Бангладеш“ – додава Ампева.

За разлика од Кочани, во Штип заради деловни причини се затвори конфекција и дел од вработените останаа без работа. Но, како што вели Ампева овде се запазени сите Закони, вработените на неопределено време добиле испратнина. На местото на оваа штипска конфекција доаѓа германски работодавач кој ќе работи со помал обем.

Лаура Стојанова М-Нет