Што ќе се случи ако јадете месо секој ден?

28 април, 20240
Screenshot_4

Говедско, свинско, јагнешко и козјото спаѓаат во црвено месо кое е богато со есенцијални хранливи материи како протеини, железо и витамин Б12, а исто така е многу вкусно.

 

 

 

 

Но, дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело ако јадете црвено месо секој ден?

 

Ги добивате придобивките што ги носат протеините

 

Месото како говедско содржи многу протеини. На пример, 120 грама мелено говедско месо му обезбедува на телото 23 грама протеини, што е значителна количина, пренесува „Newsbeast“.

 

Постои ризик од скок на холестеролот

 

И добриот и лошиот холестерол се важни показатели за кардиоваскуларното здравје. Бидејќи оваа восочна супстанца се акумулира во крвните садови, може да го стесни просторот низ кој може да патува крвта богата со кислород, но и да создаде блокади кои предизвикуваат срцев удар или мозочен удар.

 

За жал, ако јадете хамбургер или стек секој ден, не си правите услуга кога станува збор за холестеролот.

 

Црвеното месо е особено апострофирано како виновник за зголемување на лошиот холестерол. Истражувањето на Универзитетот во Оксфорд покажа дека ризикот од коронарна срцева болест кај луѓето се зголемува за 18 проценти на секои 50 грама дополнително обработено црвено месо што го јадат дневно и за девет проценти на секои 50 грама необработено месо.

 

Би можеле да се чувствувате поенергични

 

Протеинот не е единствената нутритивна супер ѕвезда во црвеното месо. Содржи и витамин Б12 и железо, кои играат важна улога за вашето здравје.

 

И витаминот Б12 и железото се многу важни за одржување на енергијата. Недостатокот на едното и/или другото може да доведе до замор и слабост. Накратко, дневната консумација на црвено месо може да го спречи чувството на бавноста.

 

Можете да го зголемите ризикот од рак на дебелото црево

 

Друг недостаток на навиката за секојдневно консумирање црвено месо е зголемениот ризик од рак на дебелото црево. Бројни студии укажуваат на поврзаност помеѓу поголемата потрошувачка на месо како говедско, свинско и јагнешко месо и поголема веројатност за појава на оваа болест.

 

Сепак, треба да се напомене дека не секое црвено месо има исти ефекти врз здравјето на луѓето. Се чини дека црвеното месо го зголемува ризикот од болеста, но преработеното црвено месо има уште поголемо влијание врз развојот на рак на дебелото црево.

 

Според Меѓународната агенција за истражување на рак на Светската здравствена организација, црвеното месо е класифицирано како канцерогена група 2А, што значи дека е „веројатно канцерогено за луѓето“.

 

Преработеното црвено месо, од друга страна, е класифицирано како канцерогена група 1 – супстанца позната по тоа што предизвикува рак.

 

Ќе бидете сити

 

Протеините се многу заситувачки. Со вклучување на црвеното месо во вашата секојдневна исхрана, може да се чувствувате подолго сити, што може да доведе до стабилна тежина.

 

Комбинирањето на црвено месо со сложени јаглехидрати како киноа и здрави масти како маслиново масло може дополнително да ви помогне да ја задржите вашата тежина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi