Тошковски во посета на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа: во фокусот проблемите на вработените

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа при Секторот за внатрешни работи Скопје каде одржа состаноци со раководствата.

„ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства кои им се основна алатка за постапување и одржување на високо ниво на безбедност во патниот сообраќај. Исто така, беше посочено дека потребни се промени во законската и подзаконската регулатива со цел допрецизирање на одредбите кои ја регулираат оваа материја, а се со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви.
ЕУМНА е една од круцијалните организациски единици кога се работи за ефикасно работење во делот на кривичната материја имајќи ја предвид природата на нивната работа. И во оваа Единица има голем недостаток на човечки ресурси, но и соодветни обуки кои ќе го подигнат нивото на квалитет на нивната работа, како и инвестирање во нова, пософистицирана опрема согласно најсовремените технологии и практики“ издвои Тошковски.

Текстот Тошковски во посета на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа: во фокусот проблемите на вработените е превземен од МАКФАКС.