Интер го доби Дербито на Италија, Јувентус немоќен во Милано

t

Фудбалерите на Интер дојдоа до злато вредна победа која може да биде круцијална во тековната сезона. „Нераѕурите“ на својот „Џузепе Меаца“ го совладаа главниот ривал за скудетото Јувентус со минимални 1-0 (1-0). Погодокот беше автогол на дефанзивецот Федерико Гати пред крајот на првиот дел, а лидерот потоа можеше да дојде и до уште некој погодок во мрежата на Шчесни.

Сосема очекувано, Симоне Инзаги и Масимилијано Алегри тргнаа мирно во „Дербито на Италија“. Темпото не беше на завидно ниво, а Интер повеќе ја имаше топката. Првите закани за домаќинот ги имаа Федерико Димарко и Маркус Турам, кои од изгледни позиции не успеаја да погодат. Течеше 37. минута кога Интер дојде до предност. По нафрлување од Барела, атрактивно се обиде да шутне Павар. Тој ја промаши топката, а таа дојде до Турам и Федерико Гати. Дефанзивецот на Јувентус несреќно си ја смести во мрежата и домаќинот поведе пред одморот.

На стартот на второто полувреме Интер имаше уште една голема можност, Хакан Чалханоглу упати удар кој го измами Шчесни, ама заврши во стативата. По него се обиде и Барела, додека на спротивната страна полушанси кои не одеа ниту во рамките на голот имаа Гати и Влаховиќ. Лидерот во првенството играше рутински и подобро од ривалот. Огромна можност за да стави точка на натпреварот имаше Марко Арнаутовиќ кој доби „сервирана“ топка и беше сам пред голот, ама Шчесни атрактивно му го одбрани зицерот.

Рутински и искусно Интер го приведе мечот кон крајот, не дозволувајќи му на Јувентус да се наметне во целост и да го загрози Јан Зомер. Со оваа победа Интер дојде на 57 бода, односно четири повеќе од Јувентус и натпревар минус на контото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните масовно да излезат на изборите на…

СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат…

Англија: Мајка го оставила петмесечниот син во…

Една жена во Англија е уапсена под…

Израелско воено радио: Армијата почна да ги…

Израелската армија (ИДФ) почна да ги евакуира…

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска…

Во случај на пад на Украина, Соединетите…

Денеска се празнува Светол Понеделник

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…