Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео обраќање преку социјалните мрежи изјави дека на овие избори победникот е јасен и не одлучуваат нијанси.

– Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, објави Мицкоски на својот официјален профил на Фејсбук.

Видеото може да го отворите ТУКА.