Далиќ после ЕВРО 2024 ја напушта Хрватска и оди во Катар?

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ, наскоро ќе ја поведе селекцијата на своето второ Европско првенство. На селекторот ова ќе му биде четврто големо натпреварување како селектор, а после ЕВРО 2024 би можел да се врати на клупските обврски.

Според информациите од Хрватска, Далиќ после ЕП во Германија ќе го напушти кормилото на „коцкестите“ и ќе се сели во Катар. Наводно имал понуда од Ал-Сад, а од овој тим биле подготвени да му ја исполнат секоја желба, само Хрватот да го прифати предизвикот. Станува збор за најдобриот клуб во Катар.

Далиќ во моментов заработува околу 800.000 евра годишно со Хрватска, а Ал-Сад е подготвен да му даде многу повеќе за да го убеди да дојде. Сепак, во минатото Далиќ одби неколку богати понуди од клуботи од блсикиот и од далечниот исток, па нема да биде за изненадување да остане и натаму да биде дел од селекцијата.

Се вчитува...