Османи: Изборните слогани на ВМРО-ДПМНЕ се најшовинистичките што можеле да се измислат

„Слоганот ‘Македонија повторно твоја’ е најшовинистичкиот слоган што можеше да се измисли бидејќи со тоа сакаат да кажат дека фактот што има премиер Албанец или министер за надворешни работи Албанец, Македонија била на Албанците и сега треба да ја земеме од нив и да ја вратиме на другите“, изјави денеска Османи

Круна на овој, според него, шовинизам е барањето на ВМРО-ДПМНЕ упатено до нејзините поддржувачи и до граѓаните да гласаат масовно за партијата и да ѝ донесат доволно гласови за апсолутно мнозинство во парламентот од 61 пратеник

Кандидатот за шеф на државата на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, денеска на последниот ден од претседателската кампања рече дека слоганите под кои настапува ВМРО-ДПМНЕ во двете кампањи се најшовинистичките што можеле да се измислат.

Османи последниот ден од кампањата за првиот круг од претседателските избори го посвети на разговор за младинските политики и активности со, како што рече, граѓаните кои по првпат ќе гласаат на овие избори.

На прес-конференцијата по настанот, одговарајќи на новинарски прашања, Османи се осврна првин на слоганот на ВМРО-ДПМНЕ – „Македонија повторно твоја“, кој, како што кажа, се коси директно со членот 137 од Кривичниот законик.

„Слоганите којшто за жал македонската опозиција ги има во оваа кампања се косат директно со член 137 од Кривичниот законик. Слоганот ‘Македонија повторно твоја’ е најшовинистичкиот слоган што можеше да се измисли, бидејќи со тоа сакаат да кажат дека фактот што има премиер Албанец или министер за надворешни работи Албанец Македонија била на Албанците и сега треба да ја земеме од нив и да ја вратиме на другите“рече Османи.

Во тој контекст праша до каде ќе одиме со овој вокабулар доколку почне секој да ја влече кон себе државата.

„За кого сум работел јас како министер за надворешни работи во овие четири години? За кого работи Талат Џафери како премиер на оваа државата или Фатмир Бесими како министер за финансии? Зарем не работевме сите за сите граѓани за оваа држава за стане европска“,додаде претседателскиот кандидат на ДУИ и на коалицијата „Европски фронт“.

Идентична оценка тој даде и за слоганот „Македонија повторно горда“ под кој настапува неговата противкандидатка во трката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

„Па зарем тоа не е најшовинистичкото можно барање од еден кандидат којшто сака да биде претседател на оваа држава“,рече Османи.

Многу брзо ќе ти преседнат и кексите и млекото, му одговори Мицкоски на Ахмети

Круна на овој, според него, шовинизам е барањето на ВМРО-ДПМНЕ упатено до нејзините поддржувачи и до граѓаните да гласаат масовно за партијата и да ѝ донесат доволно гласови за апсолутно мнозинство во парламентот од 61 пратеник.

 

„И посебно круна на шовинизмот барањето 61 пратеник за да не зависиме веќе од нив, за да ги исклучиме Албанците, Турците, Бошњанците, Ромите, Власите, останатите и да ја вратиме етничката супремација од едно време. Е тоа се тие барања коишто даваат многу работа за јавниот обвинител по однос на членот 137, но и тоа што ги извади луѓето на улица вчера за да го кажат својот глас и тоа што ги извади лидерите од кожа за да извикуваат тоа што извикуваа“,рече Османи.

Инаку, со последната реченица од својот одговор, тој се надоврза на претходното прашање во врска со вчерашното скандирање УЧК, кое дојде од грлата на повеќе присутни на синоќешниот митинг на ДУИ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој говореше на собирот во рамките на претседателската кампањата на Османи.

„Видете, јас сум тука како кандидат за претседател на државата можам да парафразирам само дел од изјавата на Ахмети кој рече дека Рамковниот договор, кој произлезе од 2001 година, денеска создаде функционална мултиетничка демократија, земја членка на НАТО, земја којашто преговара со Европската Унија и земја којашто има шанси за пет години да стане членка на Европската Унија“,рече претходно Османи.

Back to top button
Close