Жители на Општина Ново Село преку Форум на заедница ќе одлучат за што да се потрошат 65 илјади евра !

404

Во Ново Село се одржа втората форумска сесија  на кој жителите од ова општина може директно да се вклучат и да дадат мислење за што да се потрошат парите што како грант ги доби Општината од Швајцарската агенција за меѓународна соработка, Министерството за локална самоуправа и УНДП во висина од околу 40 илјади долари. Станува збор за грант што Општина Ново Село го доби од Програмата ,,Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ преку која освен 40 те илјади долари за реализација на проект што ќе го изберат граѓаните, општината доби и 10 илјади долари за воведување иновативни алатки за подобрување на транспарентноста.

Граѓаните низ форумскиот процес се запознаваат со приходите и расходите на општината, детектираат проблеми и предлагаат нивно решавање преку концепирање на предлог проекти. Кој проект ќе биде финансиран од Програмата ќе се знае на петата сесија кога ќе гласаат граѓаните што биле присутни најмалку на три форумски сесии во Општина Ново Село.

Како што не информираше градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов, за проектот или проектите што ќе биде избрани низ директна консултација со граѓаните ќе бидат издвоени и милион денари од општинскиот буџет што значи на грантот од 40 илјади долари ќе има и плус 15 илјади евра за негова успешна реализација.

,,Форумот е  дел од проектот за зајакнување на општинските совети и е одлична алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на дефинирање на проблемите и донесување одлуки со директно влијание на промените,, стои во објавата на Општина Ново Село

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.