Кавај Ленард под знак прашалник за серијата против Далас

Лос Анџелес клиперс официјално објави дека се уште не се знае дали најдобриот играч на овој НБА тим Кавај Ленард ќе биде подготвен за стартот на плеј-офот.

Во првото коло ЛА Клиперс игра против Далас, а клубот од Лос Анџелес е домаќин на првиот меч кој се игра во недела од 21.30 часот по средноевропско време. Леонард одигра најмногу натпревари во последните неколку сезони, вкупно 68, но поради проблеми со десното колено и воспаление на тој дел од телото, паузираше од крајот на март. Тој ги пропушти последните осум натпревари од регуларниот дел од сезоната.

„Има напредок во неговото закрепнување, но воспалението мора да продолжи да се намалува за да може нормално да функционира на теренот. Сите се надеваме дека тој ќе биде подготвен уште од првиот натпревар против Далас“, изјави претседателот за кошаркарски операции на клубот, Лоренс Франк.

Ленард оваа сезона имаше просек од 23,7 поени по натпревар со 6,1 скока и 3,6 асистенции за ЛА Клиперс.

Се вчитува...