Баталете го Adobe, учете Canva и станете графички дизајнер!

Како графички дизајнер со две децении искуство, илјадници дизајни и професионална употреба на алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, Corel Draw, па дури и старите непостоечки алатки како PageMaker или QuarkXpress, моја препорака за нови дизајнери е да не се мачите со Adobe пакетот и да учите Canva!

Што е Canva и колку моќна алатка претставува?

Со еден збор, Canva е PowerPoint на стероиди, со многу поголема функционалност и леснотија на користење!

Canva е платформа за графички дизајн која им овозможува на корисниците да креираат широк спектар на визуелни содржини, вклучувајќи презентации, постери, графики на социјалните медиуми, флаери и многу повеќе.

Вадење на позадината со еден клик, додавање содржини и менување позадини е просто како грав, со помош на вештачката интелигенција која е дел од Canva!

Canva обезбедува кориснички интерфејс со функционалност за влечење и спуштање (drag-and-drop), што го прави лесен за користење дури и за почетници. Со илјадници бесплатни темплејти, фотографии, фонтови и повеќе, можете да дизајнирате што сакате со леснотија. Canva се користи за лични, едукативни и професионални цели за создавање визуелно привлечна и професионална графика без потреба од напредни дизајнерски вештини.

Може ли Canva да се користи за видео монтажа?

Или уште побитно прашање: може ли да ги замени алатките како Adobe Premiere или AfterEffects? Се уште не, но наскоро со сигурност!

Еве што можете да направите со Canva:

  • Да аплоадирате свои видеа или да ја користите базата на Canva.
  • Да ги едитирате, кратите и монтирате вашите видеа.
  • Да додавате текст, графика и анимации.
  • Да примените филтри и ефекти.
  • Да додадете музика и звучни ефекти.
  • Да го експортирате видеото во MP4 формат.

Како стојат работите кај нас?

Еве пример за еден скорешен оглас за графички дизајнер од домашната средина:



Целиот овој муабет е значаен пред се заради промените во пазарот на трудот.

Појавата на вештачката интелигенција допре речиси до секоја професија, а графичкиот дизајн и видео монтажата не се исклучок!

Кај нас повеќето огласи за работа во полето на графичкиот дизајн бараат познавање на Adobe алатките, но како што видовме, почнуваат да се појавуваат огласи кои ја нагласуваат само Canva. Ова е само почеток!

Се разбира Canva не е единствена алатка, за понапредни опции таа бара да платите Premium Membership (што на компаниите им се исплати, на индивидуалци не), но постојат и многу други бесплатни опции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *