На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец.

„Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети, при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата“, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.

„Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој ? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец“, дециден е Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев потенцираше да се запрашаат Бугарите каков е тој парадокс тоа да Гоце пишал Бугарин па го чкртнал па пишал Македонец. Штом Гоце ги избришал Бугарите од уставот, тогаш и ние нема да ги внесеме.О