Ковач: Нема никаква вистина дека го преземам Ливерпул

Хрватскиот тренер Нико Ковач во последните денови е поврзувн со преземање на Ливерпул. „Црвените“ бараат тренер откако е јасно дека Јирген Клоп си заминува по завршувањето на сезоната.

Меѓутоа и Ковач демантираше дека има вистина околу тоа дека ќе го води тимот на Ливерпул.

„Нема никаква вистина околу моето преземање на Ливерпул“, рече Ковач кој е без ангажман откако доби отказ од Волфсбург.

Претходно и Рубен Аморим од Спортинг ги демантираше шпекулациите дека ќе го преземе Ливерпул.

Се вчитува...