Тие се револтирани зашто пред распишувањето на изборите не се потпиша анексот на колективниот договор, што ќе значеше и покачување на нивните плати
Под слоганот „Здравство на протест за плати“, здравствените работници утре излегуваат на протест пред Министерството за здравство.
Собирот ќе се одржи за време на нивната пауза од 10 до 10:30 часот.
Тие се револтирани оти пред распишувањето на изборите не се потпиша анексот на колективниот договор, што ќе значеше и покачување на нивните плати.
„За жал, непотпишувањето значи дека не само што нема да се усогласат платите туку ниту дополнително да се зголемат и за жал креаторите на политиките ги образуваат овие луѓе за потоа да работат веројатно во Германија“,
истакна Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.