Search
„47.Денови на македонска музика“

Концерт на македонски композитори со оркестарот на Националната опера и балет

На 12 – ти април со почеток во 20.00 часот,во склоп на фестивалот „47.Денови на македонска музика“ ќе одржи концерт на оркестарот на Националната опера и балет со солисти.

На концертот на МОБ публиката ќе може да проследи дела на композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков, и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски. Како солисти на концертот ќе настапат Весна Гиновска Илкова- сопран, Наде Талевска – сопран, Гонца Богоромова – сопран и Горан Начевски – баритон, со оркестарот, под диригентска палка на Иван Еминовиќ.

Влезот е слободен.

Најново

Последни колумни