Реал Мадрид останува без играчот со најголем стаж во клубот

Реал Мадрид летово ќе остане без фудбалерот со најголем стаж во клубот, откако ветеранот Начо донесе одлука да си замине од редовите на „кралевите“.

Искусниот 34-годишен дефанзивец e дел од Реал Мадрид веќе 23 години, минувајќи ги сите категории во младинските екипи пред да добие шанса во првата екипа на „кралскиот клуб“. Тој никогаш не беше стандарден првотимец, но важеше за играч секогаш способен да помогне во периодот на криза со повредени дефанзивци на Реал Мадрид во последната деценија.

Флорентино Перез му понуди на ветеранот продолжување на договорот за уште една година, но Начо веќе го известил претседателот на Реал дека е решен да си замине кон нов фудбалски предизвик пред да ја заврши кариерата.

Интер сака да го доведе Начо во своите редови како слободен играч, но Шпанецот има на маса многу побогати понуди од клубови од Саудиска Арабија и од американската МЛС-лига.

Се вчитува...