Олимпијакос и вторпат подобар од Астон Вила за финале со Фиорентина во Конференциската лига (ВИДЕО)

Грчки Олимпијакос ќе игра во финалето на Конференциската лига на УЕФА откако и во реванш полуфиналниот натпревар триумфираше на домашен терен против Астон Вила со 2-0.

По победата од 4-2 на првиот меч во Бирмингем, Грците сега повторно славеа овој пат со головите на Ел Каби уште во 10. минута од средбата, и во 81. минута.

Олимпијакос во финалето ќе игра против италијанска Фиорентина.

Се вчитува...