Македонија
26. January 2023 - 16:11

Скопјанец мамел граѓани: Ги оштетил за 137.100 денари нудејќи услуги за реновирање, ручеци, сместувања

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

- Во периодот од 26.10.2022 до 13.11.2022, пријавениот телефонски остварил контакт со повеќе лица на кои лажно им се претставувал, при што договарал услуги за реновирање, резервации за ручек, за сместување или транспорт, а потоа ги наведувал оштетените лица да остварат средба и да исплатат парични средства на негови соработници во Тетово и Скопје, информира МВР.

Како што информираат од МВР, измамникот на тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 137.100 денари.