Денес роденден слави нашата позната актерка и пејачка Ана Костовска

Ана Костовска е родена во Скопје на 4 март 1963 година. Таа е македонска глумица и пејачка. Се истакнува како глумица со многубројни главни и споредни улоги во претстави од разни продукции, како и во телевизиски и филмски проекти, од кои најпознат е телевизиската серија Бушава азбука за кој ги изведува насловните нумери. Ана Костовска е главниот вокал на култната група од осумдесеттите Бастион, а соработува со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ – Лабиш и други.

Во 1985 година Ана Костовска димпломира на Факултетот за драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во класата на Проф. Владимир Милчин. Веднаш по дипломирањето се придружува кон трупата К.П.Г.Т. на режисерот Љубиша Ристиќ, еден од најзначајните европски режисери во тоа време. Глумечкиот занает го учи од најголемите југословенски театарски творци и дејци и во 1995 година се сели во Белград каде продолжува да работи како глумец. 2001 година се враќа во Скопје, а 2007 година се вработува во Драмскиот театар Скопје.


Од театарските улоги ги издвојуваме:

-Оговарање, р. Љубиша Ристиќ, Будва – град театар, 2007
-Конзулска времена, од Иво Андриќ, р. Љубиша Ристиќ, Звездара театар, 2008
-Лавинија – Тит Андроник, од Шекспир, р. Д. Јовановиќ
-Ен Хатавеј – Everything and nothing, од Борхес, р. К. Челан
-Маргарита – Ричард трети, од Шекспир, р. Љубиша Ристиќ
-Регана – Крал Лир, од Шекспир, р. Љ. Ристиќ
-Хермија – Сон на летната ноќ, р. Љ. Ристиќ
-Аркадина – Галеб, од А. П. Чехов, р. Ј. Радивоевиќ
-Гертруда – Хамлет коментари, по Шекспир, р. Ф. Гаиќ
-Клеопатра – Антонио и Клеопатра, од Шекспир, р. Ф. Гаиќ
-Мама Иби – Крал Иби, од Алфред Жари, р. Харис Пашовиќ
-Јулија – Госпоѓица Јулија, од Избен, р. Сашо Миленковски
-Понсија – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ
-Ана Франк – Ана – една приказна, р. Ѕвездана Ангеловска
-Електра – Електра, од Софокле, р. Елени Боса
-Животинска фарма, од Орвел, р. Владимир Милчин
-Рамна земја, МНТ
-Непушач, р. Б. Брезовац
-Анита Бербер, р. Н. Кокотовиќ
-Bloody Mary, р. Љ. Ристиќ, Г. Ленѓел, Р. Шербеџија
-Антигона
-Тартиф, од Молиер, р. Љ. Ристиќ
-Дон Жуан, од Молиер, р. Љ. Ристиќ
-Миса во А-мол, по Данило Киш, р. Љ Ристиќ
-Кузман Капидан, од Глигор Прличев, р. Сашо Миленковски
-Тапани во ноќта, од Б. Брехт, р. Саша Габриќ
-Купдона, р. Срѓан Јаниќиевиќ
-Зенит, р. Драган Живадинов
-Сараевски приказни, р. Ф. Гаиќ


Костовска остварила улоги во следните филмови:

-Танго – тажна мисла која се танцува, режија Пуриша Ѓорѓевиќ
-Ѕвездите на `42, режија, Јане Петковски,
-Големата вода, режија Иво Трајков,
-Контакт, режија Сергеј Станоевски,
-Бал-кан-кан, режија Дарко Митревски
-Сенки, режија Милчо Манчевски
-Јас сум од Титов Велес, режија Теона Митевска
-Беса , режија Срѓан Карановиќ, 2010
-До балчак, режија Столе Попов, 2014
-Ослободување на Скопје, режија Раде Шербеџија, 2016
-Кога денот немаше име, режија Теона Митевска, 2017
-Чевли, режија Бранко Котески, 2017
-Врба, режија Милчо Манчевски, 2019
-Најсреќниот човек на светот, режија Теона Митевска, 2022


Добитничка е на следниве награди и признанија:

-Награда на новинарите за најдобра женска улога – Мајката Иби во претставата Крал Иби во режија на Харис Пашовиќ на Битеф – Белград во 1994 година.
-Нагарада 10 Festival du Cinema Europeen en Essonne, Prix d`interpretation feminine 2008 pour l efilm JE SUIS DE TITOV VELSE de Teona Mitevska

Среќен роденден Ана, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …