Никола Тесла обожаваше да јаде „зелено злато“

4743

Аспарагусот е вистинска витаминска „бомба“, диуретик и афродизијак. Најдобро е во пролет, кога се појавува во посветла боја и со совршен вкус, пишува zdravaiprava.com.

Аспарагусот го обожаваше и познатиот научник Никола Тесла. Тој посветувал големо внимание на своето здравје, а менито што специјално за него било создадено во 1899 година во хотелот Аудиториум, меѓу другото, вклучувало и аспарагус.

Аспарагусот содржи многу калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, витамин А, комплекс Б витамини, витамин Ц итн.

Затоа, аспарагусот е добар за отстранување на целулитот. Особено се препорачуваат за трудници бидејќи содржат многу фолна киселина. Аспарагусот е и корисен агенс против запек, а се препорачува за анемични, слаби луѓе, дијабетичари итн.

Бидејќи аспарагусот е извор на витамин Е, суштински антиоксиданс, доколку се подготви со маслиново масло, телото апсорбира повеќе од овој витамин растворлив во масти. Аспарагусот најдобро се чува во фрижидер, во фиоката за зеленчук.

Ако претходно го завиткате во влажна крпа, може да остане свеж три до четири дена. Аспарагусот може и да се замрзне, а кога ќе го одмрзнете нема да го смени вкусот, но ќе биде помек.

Аспарагусот може да се подготви на различни начини и како прилог или како независно јадење. Првиот пишан рецепт за подготовка на аспарагус е пронајден во најстарата зачувана книга за готвење во светот, која датира од третиот век.

Аспарагусот бил толку популарен што кралот Луј XIV, кој бил познат и како кралот на сонцето, имал посебни оранжерии за нивно одгледување. Во тоа време, аспарагусот бил наречен и „бело и зелено злато“ и „кралски зеленчук“.