Иванишевиќ останува без вистинско богатство. Дали е ова сумата која екс тренерот на Новак Ѓоковиќ ја заработил само минатата година?

Наводно се работело за годишна сума од 300 до 500 илјади евра, а потоа имало разни бонуси.

Поранешниот победник на Вимблдон, хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ , објави српскиот спортист на својот Инстаграм профил.

Нивната соработка траеше речиси шест години и во тој период Ѓоковиќ стана најдобриот тенисер во историјата.

Иванишевиќ беше доста добро платен за тренерската работа. Неделникот Национал еднаш објави дека неговиот хонорар се движи меѓу шест и десет илјади евра на неделно ниво. Да гледаме на годишно ниво, тоа беше сума од 300 до 500 илјади евра, а потоа имаше разни бонуси, како оние за освојување турнири, грен слем… Се шпекулираше дека се работи и за процентот , односно дека Околу десет отсто од заработката на турнирот на Ѓоковиќ му припаѓала на Иванишевиќ.


На пример, минатата сезона Ѓоковиќ само од турнирот заработил 10.581.665 долари, што значи дека Иванишевиќ добил околу 1 милион долари заработка. И тоа, значи, е сумата само за 2023 година.

Затоа е јасно дека Горан ќе остане без доста голем џепарлак. Останува да видиме дали сега ќе паузира од тенисот или можеби веќе е подготвен за нов ангажман…