24 Април, 2024
0.0274

КАКО СЕ СТИГНУВА ДО ПРВАТА АМБУЛАНТА СО СИЛНА ТРЕСКА И ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРТА: Болни од грип едвај се лекуваат

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Сезоната на грипови и другите вируси не попушта, а според последните податоци кои се од средината на јануари досега се регистрирани околу 1.400 заболени од неколку типови на инфлуенца. Но, за разлика од луѓето кои живеат во градовите и населените места со поголем број жители и влегуваат во оваа статистика, останатите, во селата кои едвај бројат жива душа, воопшто и не ги регистрираат бидејќи немаат пристап до лекар.

Погодени региони има многу, а еден од најзапоставените е Мариовскиот. Во тамошните села има само по неколку десетици пензионери кои доколку се разболат мора да се лекуваат сами, амбуланти нема, а најблискиот лекар е во Прилеп. Соговорниците на Фактор велат дека сега во периодот кога „царува“ сезонскиот грип и со висока температура и со болки по целото тело, патуваат 40, 50, 60 километри до Прилеп.

-Откако се пензионираа моите родители повторно си заминаа во Мариово. Не се постојано таму, но во текот на годината остануваат и по неколку месеци остануваат таму. Сега ми рекоа дека и двајцата кашлаат и имаат температура и всушност ме повикаа да дојдам да ги носам на лекар. Таму нема никаква амбуланта, никаков лекар, за аптека да не говорам. Се се набавува од Прилеп и лековите со месеци стојат во таа домашна аптека, кога ќе затребаат да има барем нешто за спуштање температура. Овие неколку дена варат чаеви, на грлото ставаат марами со ракија и бибер, како во среден век. Се лечат како знаат и умеат. А, доколку ме немаат и мене, навистина не знам што би правеле. Мора да се најде начин во селата кои се уште се „живи“, барем три пати неделно да доаѓа некаков тим од лекар, медицинска сестра да ги прегледува тие луѓе, особено што станува збор за повозрасни кои немаат начин како да стигнат до првата амбуланта, вели Сашо Г., чиј родители моментално се болни и во текот на денешниот ден зема слободен ден од работа за да ги носи на лекар.

Д-р Лидија Чолакова Дервишова, специјалист по семејна медицина, посочува дека мариовскиот регион не е единствениот кој се соочува со ваков сериозен проблем. Според последниот попис од 2021-2022 година во некои од селата има 10-тина жители, некаде 40, 50 бидејќи токму немањето услови за нормален живот ги натерало луѓето, посебно младите да си одат.

-Онаму каде што нема доволен број жители, нема ниту општ лекар, ниту медицинска сестра, ниту стоматолог. Во Општина Чашка се бараат лекари, оваа општина покрива 40-тина села, но основни услови за живот нема. Извор, Богомила, Бузалково, Иванковци, сите овие се „живи“ села, но немаат амбуланти. Најблиску им е Велес, мора да патуваат. Од Чашка лекарите си заминаа, сега се вработени во велешкиот здравствен дом на местата на пензионирани лекари. Нема ниту медицински сестри, ти не само што заминуваат од помалите во поголемите места, тие масовно си заминуваат од земјава. Тоа што е клучно за да на некој начин се ублажи проблемот е да се направи една подолгорочна стратегија која ќе даде конкретни резултати.

Инаку, како што велат соговорниците на Фактор, медицински екипи последен пат масовно одеа низ најнепристапните рурални региони кога се вршеше имунизација на населението против корона вирусот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП