Поврзете се со нас

Англија

Нова повреда за кулминација на стоперската криза кај Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се бори за место кое води во Европа во Премиер лигата, но менаџерот Ерик тен Хаг денеска се соочил со уште еден сериозен удар во пресрет на гостувањето кај Кристал Палас.

„Црвените ѓаволи“ останаа и без Хари Мегваер, фудбалер кој заработил повреда на вчерашниот тренинг и ќе отсуствува неколку недели.

Повредата на стоперот не е многу сериозна и постои оптимизам дека ќе биде подготвен за финалето на ФА купот, но Јунајтед нема да смета на неговите услуги на последните средби во Премиер лигата.

Мегваер играше во тандем со Касемиро на дуелот со Барнли, а сега и тој отпадна од комбинација, што го става Тен Хаг во многу тешка ситуација.

Варан, Мартинез и Линделоф исто така не се достапни поради повреди, додека Џони Еванс се вратил на тренинзите, но засега е неизвесно дали ќе може да настапи утре во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни