“ЕВРОПА СЕ ПЛАШИ ОД НАШИОТ ОДГОВОР“ – Матвиенко порача: „Ќе загубите повеќе него ние“

267
EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Потенцијалната конфискација на руски имот ќе ја уништи глобалната економија, во Европа сфаќаат тоа не смее да се направи, изјави претседавачката на Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко.

– Во принцип, ова ќе биде чекор без преседан во светската историја, кој едноставно ќе ја уништи глобалната економија. Тоа ќе ја уништи довербата во светската економија. И, се разбира, тоа е апсолутно нелегитимен, незаконски потег. А, во Европа сите разбираат дека тоа не смее да се направи – изјави Матвиенко во интервју со генералниот директор на меѓународната медиумска групација „Северна Русија“.

Таа, исто така, посочи дека Русија има подготвен одговор за заплена на суверен руски имот и дека сенаторите се подготвени без одлагање да го разгледаат соодветниот предлог-закон поврзан со одмазднички мерки. Според неа, Европејците знаат дека во случај на конфискација на руски имот, одговорот на Москва ќе биде остар и адекватен.

– Европејците ќе загубат повеќе од нас, и тие, се разбира, се плашат од тоа. Особено поради нивната економија во колапс – рече Матвиенко.

Во таа насока, таа потсети и на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин упатени до Европејците – „денес ние, утре вие“.