Имам нешто да те прашам

Јован Јованов: Најсреќни луѓе се оние кои ги прават други луѓе среќни (Фото+Видео)

Многумина од вас кога ќе ги споменеме песните „Магија“, „Сега јас си заминувам“, „Итно ми требаш“, „Да те видам пак“… знаат да заиграт и веднаш да се расположат, истовремено незнаејќи дека авторот на овие песни е токму тој… еден од најдобрите, најуспешните и најпродуктивните на македонската музичка сцена. Тој зад себе има гооолем број на македонски, но и странски хитови. Неколку години е дел од „Макфест“. Има свој омилен македонски хит, а во овој период од годината ужива да гледа новогодишни филмови.

За само неколку часа од сега со видеоспот ќе го промовира најновиот ремикс на познатата „Ќе ми треба магија…“ која овој пат е во дует со еден од најпознатите македонски млади музичари Пајак.

Почитувани, еден и единствен, Јован Јованов во новогодишниот серијал на интервјуa на Музика24.

Уживајте!

Музика24: Кон крајот од уште една интересна година редно е да сублимираме по што ќе ја паметиме… За волја на вистината поминавме кризи, инфлации, замрзнување-одмрзнување на цени, протести, но имаше и убави моменти, музички фестивали, нови хитови, убави и интересни концерти… Што Ви остана како белег, сеќавање на 2023-та година?

Јован Јованов: 2023-та веројатно ќе ја паметам како година на проширување на мојот бизнис, година на неколку интересни патувања, година на уште еден „Макфест“ на кој работев за да помогнам на македонска музичка сцена, според можностите што ги имав во момент. Се ближи крајот на годината и веројано ќе се сеќавам и на ремиксот на песната „Магија“ и тоа дека после 14 години се вратив во студио да запеам.

Музика24: За разлика од предходните неколку години, оваа година многуте музички фестивали (кои за среќа се уште постојат) понудија голем број на композиции и песни кои претендираат да бидат хитови. Која според Вас песна ја одбележа 2023-та година и го заслужува епитетот Хит на годината?

Јован Јованов: Оваа година се појавија доста нови песни и изведувачи. Имаше неколку добри песни што ќе се останат кај македонска публика да живеат. Иако песната „Белла“ во изведба на Пајак и Лара се појави лани на „Макфест“ кој крајот на годината. Сепак мислам полниот сјај го доживеаа оваа година. Така да ако се водиме според логиката на ГРЕМИ од ноември 2022 до ноември 2023 „Белла“ е дефинитвно најголемиот хит.

Музика24: Се приближува популарната новогодишна еуфорија кога секојдневно се случуваат забави, афтер парти, шопингувања… Во потрага сме по најубавиот подарок за најсаканите. Дали и Вас ви се случува во овој период од годината да бидете еуфорични, односно како делува целата новогодишна еуфорија на Вас и Вашето секојдневие?

Јован Јованов: Па јас ја сакам новогодишната еуфорија и се што е поврзано со тоа. Не дека многу ќе се забавувам и одам по журки, но дефинитивно ќе потрошам некој пари за шопинг и ќе гледам доста Кристмас филмови.

Музика24: Кога веќе ги споменуваме новогодишните подароци, како одбирате што да подарите, односно, според што се водите кога бирате новогодишен подарок?

Јован Јованов: Обично прашувам што им треба (се смее)

Музика24: Денес е вистинска реткост некој да праша дали сте среќна личност? Дали практикувате да се интересирате за блиските луѓе што ги прави среќни и колку се Јтрудите да стимулирате убаво расположение? 

Јован Јованов: Најсреќни луге се оние кој прават други луѓе среќни. Тоа е статистички докажано. Сакам да помогнам на луѓе колку можам, сакам да им дадам поддршка, совет и сакам луѓето околу мене да ги видам како успеаваат. Дури и оние што не ми се блиски сакам да им дадам стимул доколку се во ситуација од која не гледаат изглед.

Музика24: Сите ние правиме грешки и никој не е безгрешен. Што е она што во 2023-та да имате можност би го смениле, или би посакале воопшто да не се случило?

Јован Јованов: Да точно секогаш има нешто што би смениле. Не гледам дека нешто драстично би променил, фала му на бога тоа се ситни работи и подобро да ги заборавиме.

Музика24: Дали се уште верувате во легендата за Дедо Мраз и дали за него имате годинава некоја порака?

Јован Јованов: Сакам да гледам филмови со Дедо Мраз и во филмот верувам во него.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова, се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се Вашите пред се професионални планови и замисли и што би сакале да се случи ново на приватно поле во Новата 2024-та година?

Јован Јованов: Секогаш се надевам и верувам дека наредната година ќе ми биде по успешна. Имам планови, желби на кој ќе работам за еден ден да станат реалност. За плановите обично мудро се молчи.

Музика24: Наскоро не очекува дочекот на Новата 2024-та година, па каде планирате да ја дочекате и со кого?

Јован Јованов: Незнам тоа. Ништо специјално нема да правам на новогодишната ноќ.

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз, без неговите ирваси, без даровите, но и без желбите. Кои се вашите желби за Новата 2024 година и со која новогодишната порака би го завршиле овој забавен раговор, да чуеме на кој начин Вие ќе им ја честитате Новата година на вашите фанови, обожаватели, сите оние кои што ве почитуваат и сакаат и секако на читателите на единствениот музички портал во Македонија, Музика24?

Јован Јованов: Имам доста желби и се надевам дека некој од нив ќе ми станат реалност. Им посакувам на сите ваши читатели, но и сите мои пријатели и подржувачи да си поминат најубаво за празниците, да им се остварат сите желби до година да прават работи што ги прават да се среќни.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: