Ворнок: Нема подобар во моментот од Миовски во Шкотска

Голема и значајна е улогата на Бојан Миовски во дресот на Абердин сезонава, за нивната одлична форма со која и прокосат и на големите екипи.

Деновиве Бојан Миовски во само неколку дена, постигна гол против големите, прво во мечот против Селтик, каде Абердин освои бод благодарение на голот на Миовски, додека против Ренџерс иако загубија, Бојан Миовски имаше повторно што да покаже на терен.

Од таквата форма на македонскиот фудбалер, воодушевен е новиот тренер на Абердин, Нил Ворнок.

– Не верувам дека некој има подобар од него во моментов во Шкотската лига. Доколку биде продаден сезонава, Абердин ќе заработи многу пари од него. Утре може да замине во англиската Премиерлига и таму ќе биде на исто ниво како и овде, порача Нил Ворнок.

Aбердин го откупи Бојан Миовски од унгарската екипа МТК за 700 000 евра, а како што стојат работите, доколку Македонецот остане во ваква форма до крајот на сезоната, таа цифра која ја платија за него, можеби ќе може дебело да ја наплатат, односно да инкасираат барем 10 пати повеќе од тоа што инвестираа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО