Банки
Раководството и претставниците на Синдикатот на Народната банка имаа средба со младиот математичар Амир Дестанов

Раководството на Народната банка и претставниците на Синдикатот на Народната банка имаа средба со младиот математичар Амир Дестанов.
Дополнително, на средбата беа присутни Доан Сулејманоски – директор на СУГС Шаип Јусуф-Скопје, Бранка Јакимовска – класен раководител и предметен професор по македонски јазик на Амир и Горан Тевдовски – ментор на Амир и соработник на Дневниот центар за деца во Шуто Оризари.
“Образованието е наша заедничка грижа и влог во иднината, за што вработените на Народната банка континуирано преземаат активности за поддршка.” – велат од Народната банка.
Банки
Македонската банкарска асоцијација основаше Фондација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за поддршка на повредените и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

Со длабоко сочувство и солидарност поради трагедијата во Кочани, во рамките на Македонската банкарска асоцијација е основана Фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за пружање помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар на 16 март 2025 година.
Водејќи се од заедничките определби за хуманост и помагање, МБА преку оваа фондација ќе обезбеди донации за поддршка на оние чии животи засекогаш се променети, а со надеж дека барем малку во наредниот период ќе им помогнат да ги надминат трауматичните последици.
Целта на основањето на Фондацијата е континуирана помош, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите.
„Нема зборови што можат да ја утешат тагата на оние што загубија свој најмил, нема доволно дела што можат да ја ублажат болката. Но, она што можеме да направиме е да помогнеме и да покажеме дека не се сами, и сега и во иднина“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Претседател на Македонската банкарска асоцијација.
Преку донирање средства од страна на банките, штедилниците, други финансиски институции, како и други донатори од редот на нефинансиски правни лица заинтересирани да ги поддржат целите на Фондацијата, ќе се обезбедуваат средства за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани и на нивните семејства.
Во наредниот период, МБА континуиранo ќе известува за активностите кои ќе се преземаат за реализација на целите на Фондацијата.
Банки
НЛБ Банка покажува како се гради тимскиот дух – со чаша смути и добра атмосфера!

Вработените во НЛБ Банка вчера го започнаа работниот ден со здрав појадок и позитивна енергија, во рамки на иницијатива за промоција на здрави навики и зајакнување на тимската култура.
Пред влезот на Дирекцијата, банкарите имаа можност за неформална дружба со колегите, каде беа послужени со над 660 здрави оброци подготвени од тимот на „Номад“. Поделените оброци вклучуваа 100 чиа појадоци, 430 смутиња и 130 кафиња, внимателно избрани за да обезбедат енергија и фокус за успешен работен ден.

Настанот беше организиран како дел од континуираните напори на НЛБ Банка за унапредување на добросостојбата на вработените и создавање позитивна и мотивирачка работна атмосфера.
„Со вакви иницијативи создаваме моменти на поврзување, поддршка и заедничка насмевка – вредности кои се дел од нашата корпоративна култура“, велат од НЛБ Банка.
НЛБ Банка најавува дека ќе продолжи со слични активности насочени кон унапредување на здравјето, благосостојбата и тимскиот дух меѓу своите вработени.

Банки
ЕЦБ подготвена да ги активира своите механизми за заштита на финансиската стабилност во еврозоната

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека институцијата е целосно подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти за да ја обезбеди финансиската и ценовната стабилност во еврозоната. Таа нагласи дека ЕЦБ има долгогодишно искуство во креирање иновативни решенија, кога ситуацијата го наложува тоа.
„Европската централна банка ја следи ситуацијата внимателно и секогаш е подготвена да ги активира своите механизми за да обезбеди стабилност на цените и финансиска стабилност, бидејќи двете се нераскинливо поврзани“, изјави Лагард на прес-конференција одржана во Варшава.
Притоа, таа посочи дека финансиските пазари во еврозоната продолжуваат да функционираат стабилно и покрај глобалните економски турбуленции.
„Во Европа, а особено во еврозоната, гледаме дека пазарите функционираат уредно“, додаде Лагард, истакнувајќи ја отпорноста на европскиот финансиски систем.
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 месеци
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки
- Колумнипред 1 месец
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
STB Pay by link – ново платежно решение за вашиот бизнис од Стопанска банка АД – Скопје