ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за висока раководна служба остана во собраниските фиоки

Законот за висока раководна служба остана во собраниските фиоки

Недостигот на политичка волја, стравот од губење на влијанието на власт според експертите, се причините поради кои не се изгласа Законот за висока раководна служба, кој се ветуваше од 2017 година..

„Затоа сега доаѓаме во ситуација да треба да најдеме друг механизам како со овој закон да го спречиме прекршувањето иако со материјални закони за разни области веќе е регулирано ова прашање. Што значи недостига политичка волја, има злоупотреба на материјалните закони и всушност нема излез или нема враќање од оваа инерција на прекршувања. Ако ги почитувавме материјалните закони немаше да има потреба од ваков закон“, рече Нури Бајрами, поранешен член на Комисијата за спречување на корупцијата.

Со Законот за висока раководна служба се предвидуваше воспоставување филтер за спречување партиски назначувања во дирекции и секретаријати без соодветни квалификаци. Законот беше доставен до Собранието, но не се изгласа пред распушатњето на актуелниот состав./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button