Олимпијакос преку пенал-рулетот го елиминираше Фенербахче за полуфинале во Конференциската лига (ВИДЕО)

Олимпијакос ќе игра во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА откако по пенал-рулетот успеа да го елиминира Фенербахче во Истанбул.

Во регуларниот дел од натпреварот, Фенербахче победи со 1-0 благодарение на голот на Кавечи уште во 11. минута. Сето тоа значеше анулирање на предноста на Олимпијакос од првиот дуел во Атина кога славеше со 2-3.

Во продолженијата немаше погодоци, па Олимпијакос со 2-3 победи по пенал серијата. Последниот пенал за домашните не успеа да го реализира Бонучи што значеше место на Грците во полуфиналето.

Бриж, пак, без никакви проблеми се пласираше во полуфиналето откако забележа и втора победа против солунски ПАОК. По триумфот од 1-0 на првиот меч во Белгија, Бриж сега победи и со 0-2 на гостувањето во Солун против грчкиот тим.

Претходно, место во полуфиналето во Конференциската лига обезбедија и Фиорентина и Астон Вила.

ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ:

Бриж – Фиорентина

Астон Вила – Олимпијакос

Се вчитува...