Search
Во киното на Железничка зграда Скопје

„КАКОВ ГРАД?“- просторна интервенција, перформанс и музички настан

Во недела на 28 април од 12 до15:30 часот, во киното на Железничка зграда на ул. Борка Талевски 26, 1000 Скопје ќе се одржи настанот КАКОВ ГРАД?, кој претставува интервенција во јавен простор развиена во рамки на едукативната платформа Градот како сцена: Изведување на јавниот простор на Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ), Скопје.

Главниот фокус на платформата е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор кој треба да го користи пошироката заедница на граѓани.  

Во таа насока, настанот КАКОВ ГРАД? иницира идеи како ова кино да стане активен простор за заедницата, користејќи веќе постоечки ресурси да се изгради/осмисли просторна инсталација која треба да зборува за можностите на овој јавен простор. 

Учесници во настанот ќе бидат студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје, млади архитекти и визуелни уметници. Ментор на проектот е Филип Јовановски.

Најново

420

Последни колумни