СПОРТФУДБАЛ

Тен Хаг: Не сме во позиција да се бориме за првото или второто место

Тренерот на Манчестер Jунајтед, Ерик Тен Хаг ги разочара фановите со песимистичка изјава за иднината на тимот. Манчестер јунајтед завршува уште една разочарувачка сезона, тимот одамна не бил конкурентен за титулата во Премиерлигата, а Тен Хаг очекува така да биде и во наредната сезона.

„Мислам дека кога би ги имале сите играчи на располагање, би можеле да се бориме за топ четири. Уверен сум во тоа. Во Премиерлигата веќе не е трка на 2-3 тима, тука се Тотнем, Астон Вила, Њукасл, има многу добри тимови, 5-6 тимови. Челси да не ги заборавиме. Сите тие се борат за топ четири и ние сме едни од нив. Но, не сме во позиција да се бориме за првото или второто место, тоа е факт, но можеме да се доближиме до нив доколку имаме добар преоден рок“, рече Тен Хаг./Sport.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button