Свет
Набргу ќе можеме да ја видиме космичката експлозија со голо око, се гледа еднаш во животот
Небесен танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со експлозија толку сјајна што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија денеска астрономите од Универзитетот „Нотингем Трент“.
Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како нова ѕвезда, која силно свети на ноќното небо пред да избледи и исчезне во следните 80 години. Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“ кога осветленоста на ѕвездата бргу се зголемува.
Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе биде тој настан, но верува дека тоа може да се случи во секое време до септември.
„Ни претстои задоволство, ќе видиме таканаречена нова ѕвезда на небото“, рече Браун и истакна дека T Coronae Borealis не е само една ѕвезда, туку две ѕвезди што орбитираат една околу друга. „Она што го прави овој пар толку исклучителен е тоа што одвреме-навреме ја зголемува својата светлина толку многу што станува лесно видлива за нас“, рече астрономот.
Помасивната ѕвезда во парот е бело џуџе, кое во обем колку нашата Земја може да има иста маса како и нашето Сонце, рече Браун. Придружникот во тој пар беше старечки црвен џин, кој се ширеше и го депонира својот материјал на белото џуџе.
„Речиси на секои 80 години бело џуџе собира доволно материјал за да се запали во термонуклеарна експлозија и во голема мера да ја засили својата светлина“, рече Браун.
„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина едвај видлива со двоглед на темното небо, ќе се зголеми и ќе биде споредлива со ѕвездите во системот Плуг и ќе биде видлива за голо око дури и на загаденото небо. ‘Новата’ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес“, додаде тој.
Астрономите објаснуваат дека „новите“ во суштина се како водородни бомби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џозеф Бајден ја честиташе 76-годишнината од независноста на Израел и посака мирна година
Американскиот претседател Џозеф Бајден преку денешно писмо му ја честиташе 76-годишнината од независноста на таа земја на израелскиот претседател Исак Херцог и посака „годината што доаѓа да биде помирна“.
Во писмото, Бајден истакна дека САД се „горди на трајните односи со Израел“, во услови на затегнати врски во последните недели по заканата на американскиот претседател дека ќе ја запре испораката на оружје доколку израелската војска продолжи со копнената офанзива во Рафах.
„Минатата година беше длабоко болна, бидејќи Израел го претрпе најлошиот напад во својата историја на 7 октомври 2023 година. Но, народот на Израел покажа огромна сила и издржливост“, нагласи Бајден.
Европа
Новиот руски министер за одбрана го претстави својот план за војната во Украина
Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов, економист без воено искуство, денеска изјави дека сака да ги модернизира вооружените сили и да постигне победа во Украина со минимални жртви. „Целта на специјалната воена операција е секако да се постигне победа… и со минимални човечки загуби“, рече тој, но не појасни кое ниво на загуби би било прифатливо.
Русија не го соопштува бројот на загинати и ранети во редовите на својата армија во Украина. Од почетокот на нападот врз таа земја во февруари 2022 година, многу воени експерти проценуваат дека Русија претрпе големи загуби и зборуваат за десетици илјади мртви.
Новиот руски министер, исто така, рече дека сака да ги „оптимизира“ воените трошоци. „Првата (цел) е да се обезбеди интеграција на воената економија во целата економија на земјата. Ова не е лесно и бара оптимизација на расходите, што не значи нивно опаѓање“, рече тој.
Говорејќи пред Горниот дом на парламентот, тој додаде дека неговата втора цел е максимално да ја отвори воената економија за иновации, особено за „дигиталната технологија“. Рускиот претседател Владимир Путин во неделата навечер направи промена во доменот на одбраната, повеќе од две години од почетокот на војната во Украина.
Тој го смени Сергеј Шојгу, кој беше негов лојален министер за одбрана од 2012 година, и го назначи за секретар на Советот за безбедност, тело кое ги собира највисоките руски функционери, но без никакви реални овластувања.
Во исто време, во тоа министерство започна чистка поради обвинувањата за корупција, со апсење на заменик-министер во април и апсење на генералот Јуриј Кузњецов, службеник за човечки ресурси, објавено денеска.
Назначувањето на Белоусов дојде во време кога воената индустрија е двигател на целата руска индустрија. Покрај тоа, Кремљ во вторникот објави дека поранешниот секретар на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на ФСБ, Николај Патрушев, е назначен за советник на Владимир Путин и ќе биде задолжен за бродоградба.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ги објасни причините за трансферот на Патрушев, само рече дека неговото „огромно искуство“ ќе игра голема улога кога се занимава со бродоградилиштето. Што се однесува до Шојгу, тој рече дека разговорот за „деградација не е соодветен“ бидејќи генералниот секретар на Советот за безбедност е во „директен контакт со шефот на државата и има голема одговорност“.
Свет
Автобус со работници се преврте на Флорида, осум мртви, 45 повредени
Осум лица загинаа, а 45 се повредени кога автобус, наводно со „работници мигранти“, излетал од патот во северниот дел на американската сојузна држава Флорида по судир, соопшти портпаролот на противпожарната служба на округот Марион.
Во сообраќајна несреќа на Флорида во која учествуваше автобус за кој се верува дека превезувал „работници мигранти“ загинале осум лица, исто толку тешко се повредени, а 37 патници од автобус биле префрлени во локалните болници поради полесни повреди, соопшти полицијата.
Работниците патувале до мала фарма за лубеници во округот Мерион кога нивниот автобус се превртел околу 8:30 часот по локално време утринава, соопштија полицијата на државата Флорида и пожарникарската и спасувачка служба на округот Марион.