Анчелоти: Незаборавна недела за Реал Мадрид

Реал Мадрид славеше со 3-2 во вечното шпанско дерби против Барселона и стигна чекор поблиску до освојување на шампионската титула во Ла Лига со оглед на тоа што на шест кола до крајот на првенството има предност од 11 бодови пред второпласирните каталонци.

Тренерот на „кралскиот тим“, Карло Анчелоти по натпреварот не го криеше задоволството од три бода, но и од перфектната недела во која беше изборен и пласман во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

„Имаме голема бодовна предност, но не смееме да се опуштиме. Мораме да освоиме уште бодови. Добро се носевме во тешките ситуации. Два пати моравме да се враќаме од негатива и со последните атоми на сила режиравме незаборавна недела. Мораме добро да се подготвиме за полуфиналето од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен.

Ова беа два исцрпувачки натпревари. Сега сме добро позициониране за последниот дел од сезоната. Мислам дека сите заедно можеме да направиме нешто позитивно. Титулата е поблиску по победата над Барселона“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...