Свет „Солидарност“

Полските земјоделци протестираат во Варшава против Зелениот договор

На демонстрантите им се придружија врвните политичари на актуелната главна опозициска партија Право и правда (ПиС), вклучувајќи го и нејзиниот лидер Јарослав Качински.

Полските земјоделци протестираат во Варшава против Зелениот договор

Стотици полски земјоделци и претставници на синдикатите денеска напладне почнаа протест од централниот плоштад Замкови во Варшава против Зелениот договор, односно европскиот план земјоделството да го направи поеколошки поприфатливо.

Демонстрациите под слоганот „Долу зелениот договор“ ги организираа Синдикатот на „Солидарност“ и неговиот земјоделски огранок, пренесоа полските медиуми.

На демонстрантите им се придружија врвните политичари на актуелната главна опозициска партија Право и правда (ПиС), вклучувајќи го и нејзиниот лидер Јарослав Качински, кој беше на власт кога беше воведен Зелениот договор.

To top