Свет

Родителите на исчезнатата Данка стигнаа дома, тие биле во полиција повеќе од 8 часа во врска со исчезнувањето на ќерката

,,Родителите на исчезнатата Данка Илиќ доцна синоќа пристигнале дома од полициската станица каде биле на распит за исчезнувањето на нивната ќерка. Од синоќа во Бор е и полицискиот министер Братислав Гашиќ, кој во два наврати го посетил местото каде исчезна девојчето во вторникот во 13 часот.

Ивана и Милош Илиќ, таткото и мајката на исчезнатата Данка Илиќ, вчера поминале повеќе од 8 часа во полициската станица каде што бил извршен разговор.

Тие дури доцна синоќа биле пуштени дома, каде се од утрово.

Во текот на ноќта на станицата каде што биле пристигнал и министерот Гашиќ, кој бил таму до доцна во ноќта. Тој утрово повторно го посети местото на исчезнувањето на девојчето.”, пишува српски Блиц.

На почеток