Пронајдени се двете тинејџерки кои исчезнаа во Грција

0
148

Грчката полиција ги пронајде двете исчезнати девојчиња кои исчезнаа на 30 ноември од областа Калитеа во Атина откако се качиле во такси и заминале во непознат правец

Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени во петокот наутро и се во добра здравствена состојба.

Инаку, во последните 2 месеци, Катерина трет пат трет пат се оддалечила од својот дом, два пати со Елеферија и еднаш сама. Во сите случаи е издаден аларм за итна потрага по изчезнатите деца од страна на организацијата која меѓудругото ги алармира грчките граѓани за исчезнати малолетници и други лица на територијата на Грција.