Клубот со најголема доминација во Европа во 21 век сега е на колена

Екипата на Шериф од Тираспол е еден од најдоминантните во светски рамки кога се работи за натпревари на домашна сцена. Шериф е вистински владетел во првенството на Молдавија и во последните осум години постојано е шампион.

Оваа доминација на Шериф трае во 21 век, кога од 23 првенства, гигантот од Тираспол освои дури 21 титули. Единствено Дачија Кишињев во 2011 година и Милсами во 2015 година успеаја да ја прекинат доминацијата на Шериф и беа шампиони на Молдавија во 21 век.

Според актуелната ситуација на табелата, многу веројатно е дека ќе се случи ново трето чудо, а тоа е Шериф да не биде првак. Во дербито на првенството Шериф вчера загуби на гости кај Петрокуб со 2:1 и сега актуелниот првак заостанува големи пет бода токму зад Петрокуб, клуб кој во последните три сезони беше вицепрвак.

До крајот на шампионатот има уште само три кола, а интересно е дека пред Шериф е и екипата на Зимбру, па реално постои можност Шериф не само да не биде првак, туку да не заврши дури и на второто место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести