Влегол во продавница и пукал, нов напад во САД

Три лица загинаа во пукање во продавница во центарот на американската сојузна држава Вашингтон, соопшти полицијата. Напаѓачот е во бегство и се смета за опасен, пренесува Ројтерс.

Полицијата била повикана во продавницата „Circle K“ во 3:30 часот по локално време кога три лица биле пронајдени мртви, изјави на новинарите началникот на полицијата Мет Мареј. Две жртви биле застрелани внатре во продавницата, додека третата била застрелана надвор. Полицијата овој напад го опиша како случаен чин на насилство, но со непознат мотив.

„Се чини дека ова е случајна ситуација. Немаше очигледен конфликт меѓу страните“, рече Мареј, додавајќи: „Човекот само влезе и почна да пука. Откако почна да пука во продавницата, вооружениот напаѓач истрча преку улицата и пукаше кај возилото, принудувајќи го возачот да седне на совозачкото седиште. Го украл автомобилот и побегнал, велат од полицијата.

Засега не е позната состојбата на возачот. Полицијата води истрага, собрала безбедносни снимки и изјави на сведоци. На социјалните мрежи таа објави фотографија од маж облечен во црн дуксер со качулка, фармерки и капа и бели патики.

Текстот Влегол во продавница и пукал, нов напад во САД е превземен од МАКФАКС.