Џеко и на 38 години е на цена – доби понуда што не се одбива

Един Џеко минатиот месец наполни 38 години, но босанскиот голгетер со игрите во дресот на Фенербахче јасно стави до знаење дека се уште може да игра на највисоко ниво и редовно да ги тресе противничките мрежи. Затоа, не е преголемо изненадување што босанскиот ветеран и пред крајот на кариерата добива интересни понуди.

Оваа последната дефинитивно влегува во рангот на оние што не се одбиваат, откако Џеко доби можност да заработи дополнителни 30 милиони евра пред да му каже збогум на фудбалот. Ал Итихад е клубот кој сериозно загриза за поранешниот голгетер на Манчестер Сити, Интер и Рома, откако клубот од Саудиска Арабија се соочи со сериозни проблеми со однесувањето на Бензема и е подготвен да го врати Французинот назад во Европа и на негово место да го доведе Џеко.

За Босанецот е подготвена понуда за двогодишен договор за плата од 15 милиони евра по сезона, плус бонус, што е далеку повисока сума од она што Един моментно го заработува во Фенербахче.

За преговорите да се забрзаат, испратена е и понуда од 20 милиони евра до турскиот клуб, за да добие зелено светло за Џеко веќе на почетокот од месец јули да си замине од Истанбул и да се пресели во Саудиска Арабија.

Се вчитува...