Агелер со честитка за Силјановска: САД ќе продолжат да ја поддржуваат земјата

од Nikola Popovski

Американската амбасадорка во земајва, Анџела Агелер ѝ ја честиташе победата на претседателските избори на професорката Гордана Силјановска-Давкова.

-Мои срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја, стои во објавата на Агелер на профилот на „Х“.

Се огласи и новата претседателка на државата.

-Почитуванa амбасадорке Агелер, благодарам за честитките. Со нетрпение очекувам да го обновиме духот на македонско-американските односи, проширување на рамката на нашето стратешко партнерство и соработка, како во евроатлантската димензија, така и на билатерален план, посочила Силјановска Давкова.

Двојни избори во земјава двојна победа на движењето ВМРО-ДПМНЕ, кое седум години беа во опозиција. Нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова убедливо победи на претседателските избори, а во Собранието и Владата најавуваат коалиција со албанската коалиција ВЛЕН.

Слични содржини