18.8 C
Скопје
12:11 - 2 мај, 2024

Имаме договор! Се огласи 23 години помладата свршеница на Сергеј Трифуновиќ и ги откри деталите за венчавката

Спрскиот Сергеј Трифуновиќ пред неколку дена се сврши со својата девојка Исидора Мијановиќ и тоа токму на нејзиниот роденден.

Сергеј Трифуновиќ во неколку наврати јавно покажа дека ужива во љубовта со 23 години помладата партнерка, а нивната врска ја поддржаа бројни колеги и пријатели.

Исидора Мијановиќ по свршувачката се огласи на својот инстаграм-профил и напиша.

„Време е да ви соопштам дека се мажам“, напиша Исидора покрај фотографијата од нејзината рака и свршеничкиот прстен.

Нивната врска привлече огромно внимание во јавноста, а актерот се огласуваше преку социјалните мрежи каде споделуваше моменти со својата партнерка, но својот приватен живот не го коментираше за медиумите.

„Договорот е да не се огласуваме за медиумите. Тој тоа го бараше, но секако јас секогаш ќе го почитувам. Што да ви кажам. Пресреќна сум. Двајцата сме многу среќни. Многу ми е убаво. Уживаме“, изјави Исидора за „Хајп“, па проговорила за венчавката:

„Што се однесува до свадбата, моја желба, наша желба е таа да се случи до крајот на годината. Но, сè уште немаме никакви детали. Тие слатки маки допрва нè чекаат“.

На профилот на Исидора на Инстаграм пишува дека се занимава со продукциска работа, а на споменатата социјална мрежа ја следат над 12.000 луѓе. Од нејзините објави се гледа дека е вљубеник во природата, патувањата и во модата.

 

Слични објави

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо

Дарко Лазиќ отворено за интимата: Сакам перверзии, си купив и посебна „играчка“ за возрасни

еспресо

Дожд од пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат во првата половина на мај

еспресо
Се вчитува....