Поврзете се со нас

Англија

Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)

Објавено

на

Тотенхем одигра очајни 70 минути на „Енфилд Роуд“ и со добра завршница на мечот се избори за малку подостоен пораз од Ливерпул, но гостувањето на „петлите“ ќе се памети и по препирката која ја имаа двајца соиграчи по крајот на првиот дел.

Гостите од Северен Лондон изгледаа загубено во добар дел од дербито и немаа решение за офанзивните замисли на домаќините, па откако примија два гола во првите 45 минути, видовме и искри на теренот.

Аргентинецот Кристијан Ромеро влезе во расправија со Емерсон Ројал и двајцата имаат што да си дофрлат еден на друг, а за момент имаа и физички контакт.

Голманот Викарио го забележа тоа и со правовремена реакција спречи поголем инцидент, но тоа не ги разбуди неговите соиграчи кои примија уште два гола во продолжение.

Тотенхем го забележа четвртиот пораз во низа во Премиер лигата, па со таква форма многу тешко може да се надева на пласман во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни