ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Протест на ученици и наставници во Бутел-тестовите по математика не биле на албански јазик

Протест на ученици и наставници во Бутел-тестовите по математика не биле на албански јазик

Десетици ученици, родители и наставници се собраа пред основното училиште „Климент Охридски“ во скопски Бутел. Иако 80 ученици Албанци од петто до деветто одделение беа подготвени за општинските натпревари по предметот математика, тестовите им беа дадени само на македонски јазик, што ги револтираше наставниците од трите училишта од главниот град кои учествуваа на овој натпревар. Тие рекоа дека на учениците Албанци, им е ускратено основното право на тестирање на мајчиниот јазик и го бојкотираа натпреварот.

„Чекавме час и половина и не донесоа одлука, донесовме одлука сите три албански училишта во општина Бутел, денеска да го бојкотираат тестот бидејќи нема примероци на албански јазик. Ги повлековме учениците, има и родители кои не поддржуваат, па го известуваме организаторот дека во три училишта во Бутел има голем процент на Албанци, и дека организацијата треба да се направи како што треба“, рече Салаудин Хамиди, наставник.

 Наставниците по математика велат дека за овој тест учениците платиле 300-500 денари, и сега се неправедно дискриминирани да се натпреваруваат во конкуренција со врсниците.

„Тестот е организиран од Сојузот на математичари на Македонија на републичко ниво, уште при извршување на задачите што тие ги објавија на нивната веб-страница, бевме принудени задачите да ги преведуваме од македонски на албански, бидејќи учениците наидоа на многу терминолошки проблеми“, додаде Нуртене Рама, наставничка.

 Родителите велат дека се уште има такви поединци, кои поттикнуваат меѓуетничка омраза меѓу основците во Скопје.

„Многу сум разочарана затоа што секогаш се вели дека има двојазичност, но тоа никогаш не го гледам, ниту во школските документи, кои често сум ги одбила бидејќи не го разбирам македонскиот јазик, и мене ми следи да ги имам на мојот мајчин јазик. Но, зошто воопшто доаѓа до оваа дискриминација и на натпревари, срамота е“, рече Хаџере Хаса, родител.

Управата на Училиштето „Климент Охридски“, се огради од овој спор. Од Сојузот на математичари на Македонија, кој го организира натпреварот, телефонски ни рекоа дека пакетот тестови што го испратиле во ова училиште не бил ни на албански јазик поради проблемот со превозот, како што велат, и дека подоцна го испратиле по е-пошта.Но, наставниците потенцираат дека со истиот проблем се соочиле и минатата година во истото училиште.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button