Полицијата регистрирала неколу инциденти на гласачките места- денот генерално мирен

Полицијата регистрирала неколу инциденти на гласачките места- денот генерално мирен

Фотографирање на гласачко ливче, летоци оставени врз автомобили, испишани графити и пронајдена испукана димна бомба, се инциденти за кои информираше Министерствот за внатрешни работи, а кои се регистрирани утрово од отворањето на гласачките места. Сепак досега  како што наведуваат од МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно тоа се одвива мирно и без проблеми.

„Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче и тоа едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко, имаме едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

На територијата на Општина Чаир се забележани летоци кои се оставени врз паркирани автомобили, а исто така биле регистрирани и два испишани графити.

„На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6:30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, соопшти МВР.

Од Министерството апелираат  граѓаните и  учесниците на изборите во текот на гласањето, до завршување на изборниот процес, да се воздражт од било какви инциденти, а доколку се забележи нарушување на изборниот процес тоа да се пријави во најблиската полициска станица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста