Книга: „Активната страна на бескрајот“ – од Карлос Кастанеда

22

Овој автобиографски роман го претставува долгиот, животниот пат на Карлос Кастанеда, фокусиран на неговото доживување на „настаните вредни за паметење“.

Практично сиот негов живот бил пат кон шаманизмот и волшепствата, дури и оние кои за време на неговото детство тој сè уште не ги доживувал како такви симболични и суштински знаци кон вистинската насока. Драматични, реалистични, и тоа во најразлични простори и времиња, овие настани од неговиот интересен, содржински максимално исполнет пат кон кулминацијата – скокот во амбисот, односно кон целосната слеаност со вселената – се патоказ на еден концепт за свеста, за себеси и светот, за животот, смртта, енергијата и суштините.

Кастанеда ја допира и ја брише тенката линија помеѓу двете бинарни опозиции живот-смрт, бескрај-физички свет. Во суштина, тоа е шаманизмот и филозофијата на волшебниците на древно Мексико, на дон Хуан Матус и на Карлос Кастанеда, кои ни покажуваат како да се слееме со бескрајот и – со себеси.