Македонија
26. January 2023 - 16:37

Ескалација на изјавите и потезите од официјална Софија по инцидентот во Охрид

Не сум приврзаник на вето но во односите со Македонија тоа е бугарското атомско оружје. Шефот на бугарската дипломатија порачува. Бугарија секогаш ќе го има последниот збор.

Милков во интервју за Бугарската национална телевизија ја критикуваше Македонија дека вовела репресивни закони за бугарските клубови кои истовремено, како што рече, се палат и се пука со огнено оружје по нив. Уште еднаш го повтори ставот од вчерашната седница на Советот за надворешни работи на бугарското Собрание. Нема да зборуваме за еколошка патека во Македонија додека нападнати Бугари лежат во болница. Порача дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор има силна симболика која го отсликува ниското ниво на односите меѓу двете земји.

Во пресрет на 4 февруари, Милков упати порака до сите Бугари кои ќе дојдат во Скопје, но и до Македонците да се воздржат од провокации, а до македонските власти да воведат ред. Не откри дали и бугарска официјална делегација ќе присуствува во црквата Св.Спас. 

Најави нова декларација на бугарското Собрание за заштита на правата на Бугарите во Македонија. 

На Претседателот Пендаровски кој неговата изјава за историската традиција на терор врз Бугарите во Македонија ја нарече гнасна му порача да ја научи историјата и добро да ги провери комунистичките архиви кои наводно криеле податоци за илјадници убиени и прогонувани Бугари.