Грција порачува дека европскиот пат на Македонија минува низ почитување на Преспанскиот договор

од Nikola Popovski

Грција ги следи процесите во Македонија и е подготвена на сите сценарија. Ова го изјавил грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис денеска на радиото „Скај 100,3“, коментирајќи ја победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни и претседателски избори.

Герапетритис навел дека се надева оти нема да има промени во надворешната политика на Скопје.

„Неопходна е прецизна имплементација на Договорот од Преспа“, рекол шефот на грчката дипломатија и додал дека европскиот пат на Македонија оди преку почитување на Договорот постигнат во 2018 година, според кој земјата го смени името.

Победничката на претседателските избори, Гордана Силјановска-Давкова на предизборна дебата изјави дека нема да „ги симнува таблите пред институциите“, но дефинитивно нема да го користи уставното име на државата Северна Македонија.

„Нема да го користам името „Северна“ и ќе ги чекам последиците. Цената за НАТО беше преголема за Македонија“, рече Силјановска.

Слични содржини