КАКОВ ФИНИШ – Сензација во квалификациите за ЕУРО2024! Данците беа во целосен шок, големиот аутсајдер приреди вистинско чудо на теренот (видео)

Во неделата, Казахстан го приреди најголемото изненадување досега во квалификациите за ЕУРО 2024. Тие губеа со 0:2 од репрезентацијата на Данска на домашен терен во Астана, но следеше сосема неочекуван пресврт, „аутсајдерите“ победија со 3:2 и стигнаа до првите бодови во групата Х.

Расмус Винтер Хојлунд двапати ја погоди мрежата во првото полувреме (21., 35.) и се чинеше дека тоа ќе биде лесна задача за Данците. Водеа до 73. минута, а потоа од белата точка прецизен беше Бактијар Зајнутдинов. Надежта брзо се претвори во апсолутно воодушевување, бидејќи за само три минути домашните остварија пресврт.

Најпрвин Аскат Тагиберген погоди во 86. минута, а Абат Аимбетов во 89. за сензационален резултат во Астана. На крајот од натпреварот тој заработи втор жолт картон, односно исклучување, но веројатно нема да зажали премногу.

Данска е втора на табелата од групата Х со три бода, колку што има и Северна Ирска со првото место. Казахстан е четврти со ист број бодови, а Словенија е трета (три бода) со натпревар помалку. Финска и Сан Марино се на дното без бодови.